ПОЛУФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ВО ЛШ Спектакл во Барселона, во Лондон рутински натпревар

Вечерва и синоќа се одиграа двата први полуфинални натпревари во Лигата на шампионите.
Синоќа во Лондон Арсенал беше поразен од Пари Сен Жермен на домашен терен (0-1), додека Барселона и Интер одиграа спектакуларен дуел кој заврши без победник 3-3. Натпреварот на „Монжуик“ заврши со една ретка ревија од 6 евроголови постигнати од двете страни.
Резултатите од првите полуфинални дуели се дефинитивно најава за фантастични реванши на „Џузепе Меаца“ и „Паркот на принцовите“ идната недела.
Финалето на Лига шампиони треба да се одигра во сабота, 31 мај 2025 година, на Алијанц Арена во Минхен, Германија.
CATEGORIES Фудбал


