ПОЛНИ ТРИБИНИ БЕЗ ЧКЕМБАРИ – Пелистер го игра четвртфиналето без своите фанови

Инцидент на влезот ја спречи навивачката група да влезе во салата, а одлуката на полицијата остана во сила и по полувремето.

ПОЛНИ ТРИБИНИ БЕЗ ЧКЕМБАРИ – Пелистер го игра четвртфиналето без своите фанови
Фото: Социјални мрежи

Последниот четвртфинален натпревар меѓу Пелистер и Куманово од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ се одигрува во атмосфера на полни трибини, но без поддршката од најверните навивачи на битолскиот состав.

Инцидент настанал уште на самиот почеток, на влезот каде што требало да влезе навивачката група „Чкембари“. По случувањата пред салата, полицијата донела одлука да не им дозволи влез. Таквата одлука останала во сила и по завршувањето на првото полувреме.

Во меѓувреме, навивачите на Пелистер преку социјалните мрежи информираа дека и понатаму чекаат дозвола за влез, но според развојот на настаните, вечерва нивните миленици ќе мора да настапат без нивната поддршка од трибините.

CATEGORIES
Share This