ПОЛН РЕЗЕРВОАР – Горивата поскапуваат, поголема сметка од утре

Одлуката е донесена од Регулаторна комисија за енергетика и се однесува на сите нафтени деривати.

ПОЛН РЕЗЕРВОАР – Горивата поскапуваат, поголема сметка од утре
Фото: Национал

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24 проценти во однос на одлуката од 16 февруари 2026 година.

Според одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар, цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар по литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 денари по килограм и ќе изнесува 34,520 денари по килограм.

Од 24 февруари 2026 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73,50 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,50 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 денари/литар, Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 68,00 денари/литар и мазут М-1 НС – 34,520 денари/килограм.

РКЕ нагласува дека станува збор за максимални дозволени цени кои важат на територијата на Република Северна Македонија.

CATEGORIES
Share This