ПОЛИТИКА И БРОЈКИ Пописот повторно на маса, овојпат со можни обвиненија

ремиерот потсети дека редовни пописи се спроведуваат на почетокот од секоја декада, односно следниот е предвиден за 2031 или 2032 година. Сепак, додаде дека вонреден попис може да се организира доколку постои политичка волја или основан сомнеж.

ПОЛИТИКА И БРОЈКИ Пописот повторно на маса, овојпат со можни обвиненија

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека, покрај политичката одговорност што ја презеде претходната влада за спроведувањето на пописот, треба да се испита дали постојат и основи за кривична одговорност. Ова го изјави по работниот состанок во Управата за јавни приходи, каде се разговараше за можноста за воведување електронски попис.

Мицкоски нагласи дека електронскиот попис може да се реализира преку вкрстување на податоци од десетина референтни бази, согласно европските стандарди и насоки на ЕУРОСТАТ.

„Мојот предлог е да не се оспори правото на дијаспората – да имаме една изборна единица за сите гласови од надвор. Не можеме да ја градиме државата врз основа на лажни податоци. Развојот мора да се темели на факти“, рече премиерот.

Во врска со евентуалното влијание на електронскиот попис врз бројот на советници на локалните избори, Мицкоски додаде дека тоа би било можно ако се покаже сомнеж во точноста на податоците за населението.

„Оние што ја користеле таа методологија за пописот не требало да ја применат. Не убедуваа дека е европска и светска, но се покажа дека не е така“, изјави тој.

Премиерот потсети дека редовни пописи се спроведуваат на почетокот од секоја декада, односно следниот е предвиден за 2031 или 2032 година. Сепак, додаде дека вонреден попис може да се организира доколку постои политичка волја или основан сомнеж.

„Некои повторно се обидуваат да ги злоупотребат чувствата на граѓаните со политички пораки. Но ова е техничка, а не политичка работа. Тоа го тврдевме и како опозиција, а сега и како влада“, рече Мицкоски.

Тој оцени позитивно и најавеното намалување на бројот на советници на локалните избори, бидејќи, како што рече, ќе се намалат и јавните трошоци.

CATEGORIES
TAGS
Share This