ПОЛИЦИЈАТА ИЗВРШИ АКЦИЈА ВО АЕРДОРОМ Приведени двајца и пронајдена дрога

На 6 септември 2025 година, во 20:55 часот, полицијата изврши акција во стан во општина Аеродром, Скопје, при што беа приведени Г.С. (42) и К.В. (31), двајцата од Скопје. Акцијата беше спроведена од страна на полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по добиена судска наредба.
При претресот на станот на Г.С., во кој се наоѓал и К.В., полицијата пронајде значителен број на предмети поврзани со недозволена трговија со дрога. Пронајдени беа две таблети, марихуана, грутчеста материја, сад со две грутки бела материја, дигитална вага и други предмети.
По завршувањето на истрагата и целосното документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветни пријави против приведените лица.
CATEGORIES Македонија

