ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ И ВО МАКЕДОНИЈА Доналд Трамп прогласи постоење само на два пола, машки и женски
Требаше да дојде некој како Трамп за да го спречи налудничавото залагање на претходната власт на СДСМ во Македонија која ги започна законските подготовки за родова еднаквост, бришење на формулациите „Мајка“ и „Татко“ и воведување на „Родител 1“ и „Родител 2“ кои требаше да стане објективна реалност и во Македонија.

Доналд Трамп ја брише родовата идеологија и прогласи дека федералната влада во САД признава само два пола, машки и женски. Трамп побара од американските федералните агенции да признаат дека жените се биолошки жени а мажите се биолошки мажи. Конзеравтивните групи низ светот го поздравија потегот на Трамп додека ЛГБТ заедниците изразуваат загриженост.
Потегот на Трамп е големо олеснување и за Македонија како доминантно христијанска земја со вековни традиционални и семејни вредности. Требаше да дојде некој како Трамп за да го спречи налудничавото залагање на претходната власт на СДСМ во Македонија која ги започна законските подготовки за родова еднаквост, бришење на формулациите „Мајка“ и „Татко“ и воведување на „Родител 1“ и „Родител 2“ кои требаше да стане објективна реалност и во Македонија. Трамп прогласи дека има само два пола, машки и женски и даде дефиниција што е жена а што е маж со што е зададена тежок удар на разноразните ЛГБТ организации на Сорос финансирани од УСАИД а кои делуваат и во Македонија.
Македонија му должи голема благодарност на Трамп бидејќи не ги дели либералните вредности како што се хомосексуализам, истополови бракови, посвојување на деца од истополови бракови а кои се во спротивност со природните законитости.


