ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Нови стипендии за академската 2025/2026
Првпат стипендии за втор и трет циклус на студии - Аплицирањето е електронски до 9 јануари 2026

Министерството за образование и наука годинава продолжува со програмата за стипендии за студенти по македонски јазик, со новина: првпат ќе се доделат и стипендии за втор и трет циклус на студии.
Во однос на стипендиите за вториот циклус важи следното: Ќе бидат доделени 7 стипендии во износ од 9.000 денари месечно, за 9 месеци во годината.
Услови за аплицирање се барателите да се државјани на Република Македонија, да имаат завршено прв циклус на студии со просечен успех најмалку 8,00, да се запишани на акредитирана студиска програма по македонски јазик на втор циклус првпат во академската 2025/2026 година и да не се корисници на стипендија од друг давател.
Во однос на стипендии за трет циклус ќе важи следното: Ќе бидат доделени 5 стипендии во износ: 18.000 денари месечно, за 12 месеци во годината
Услови за аплицирање се барателите да се државјани на Република Македонија, да имаат завршен втор циклус на студии со просечен успех најмалку 8,00, да се запишани на акредитирана студиска програма по македонски јазик на трет циклус првпат во академската 2025/2026 година, да не се корисници на стипендија од друг давател и да имаат две препораки од универзитетски професори
Аплицирањето е исклучиво електронски. Студентите што ги исполнуваат условите треба да ја пополнат електронската пријава и да ја прикачат потребната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 јануари 2026 година.


