ПОДДРШКА ЗА ПОЛИЦИЈАТА – Кладилницата Моцарт бет им поклони 50 елеци
Македонскиот полициски синдикат истакнува дека ваквите акции градат партнерство со приватниот сектор.

Единицата за интервентна полиција доби донација од спортската обложувалница Моцарт Бет – 50 тактички елеци, кои компанијата ги предаде на командантот на единицата, соопшти Македонскиот полициски синдикат.
Оваа донација претставува значајна поддршка за припадниците на единицата, кои секојдневно се грижат за јавниот ред, мирот и безбедноста на граѓаните. Ваквите иницијативи покажуваат дека преку заемна доверба, солидарност и општествена одговорност можат да се создадат силни партнерства помеѓу синдикатот, приватниот сектор и безбедносните институции.
Со оваа донација испраќаме јасна порака дека грижата за оние кои се грижат за сите нас е врвен приоритет. Заеднички придонесуваме кон создавање посигурна и побезбедна заедница, каде што професионалноста, храброста и посветеноста се препознаваат и поддржуваат“, стои во соопштението на Македонскиот полициски синдикат.


