ПОЧНА 36. ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ГАЛИЧНИК 2025“ – уметници од 8 земји ќе ја истражуваат „Постмеморијата“
Уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Австрија, Косово и Холандија ќе создаваат дела преку нови медиуми, архиви, звучни записи и визуелни фрагменти, со фокус на неизговорената меморија и наследената болка.

Од денеска до 18 август во Галичник се одржува 36. Ликовна колонија „Галичник 2025“, годинава на тема „Постмеморија – одек на тишината“, инспирирана од истражувања за тоа како трауматични историски искуства се пренесуваат во свеста на наредните генерации.
Уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Австрија, Косово и Холандија ќе создаваат дела преку нови медиуми, архиви, звучни записи и визуелни фрагменти, со фокус на неизговорената меморија и наследената болка.
Делата од оваа и минатогодишната сесија ќе бидат изложени во ноември во Националната галерија – Мала станица, придружени со професионално изработен каталог. Колонијата се реализира во соработка со Министерството за култура и туризам и повеќе меѓународни и локални партнери.
CATEGORIES Култура


