ПОЧИНА КОСТАДИНКА ПАЛАЗОВА – Доајен на македонската народна песна

Покрај музиката, се посвети и на образованието, живеејќи и работeјќи во Швајцарија.

ПОЧИНА КОСТАДИНКА ПАЛАЗОВА – Доајен на македонската народна песна
Фото: Принтскрин

На 87-годишна возраст, во Гостивар почина Костадинка Ѓорѓиоска Палазова, истакнат доајен на македонската народна песна. Нејзиното семејство потврди дека Палазова починала синоќа, на 28 јануари, по кратко боледување.

Таа ќе остане запаметена по својата богата музичка ризница од над тристотини снимени народни песни, кои тематски се поврзани со егејскиот крај. Родена во кукушкото село Сехово во 1939 година, Палазова како жртва на егзодусот се преселува во Гостивар, каде го поминува целиот свој живот.

Освен по музичката кариера, таа остави значаен придонес и во образованието: работеше како просветен работник и речиси една деценија живееше и работеше во Швајцарија.

Погребот се изврши денес, 29 јануари, на новите градски гробишта во Гостивар.

CATEGORIES
Share This