ПОЧИНА КОЛУМБИСКАТА ПЕЈАЧКА МАЈЕРЛИ ДИЈАЗ Добила сериозни компликации откако направила естетска операција
Мајерли кариерата ја започнала на 14 години и била позната по хитови како „La Gata de mi Hermana“ и „No Supiste Perder“.

Колумбиската пејачка Мајерли Дијаз почина по хоспитализација во Богота, откако добила сериозни компликации по процедура во козметичка клиника. Не е познато за каква интервенција станува збор, но властите покренаа истрага.
Мајерли кариерата ја започнала на 14 години и била позната по хитови како „La Gata de mi Hermana“ и „No Supiste Perder“. Зад себе остави две деца, на 11 и 13 години. Менаџерот се прости од неа со трогателна изјава, а нејзините обожаватели бараат да се утврдат причините за трагедијата. Само две недели пред смртта ја објави својата последна песна на Инстаграм.
CATEGORIES Сцена

