ПОБЕДНИЧКА СЕЛФИ ФОТОГРАФИЈА – Култниот момент на подиумот и во културата влегува во своето следно поглавје на Милано Кортина 2026

Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

ПОБЕДНИЧКА СЕЛФИ ФОТОГРАФИЈА – Култниот момент на подиумот и во културата влегува во своето следно поглавје на Милано Кортина 2026
Фото: APRA

Во спортот и во животот, некои моменти се премногу важни за да ги доживуваме сами. Тие се интуитивно споделени, не заради зачувување на совршенството, туку за спомени, поврзувања и самоизразување.

На Олимпискиот подиум, овој инстинкт доаѓа до израз. По години подготовка и натпреварување, спортистите стојат рамо до рамо во најемотивниот, најискрениот и најчовечкиот момент, оној кој сакаат да го запаметат и да го споделат со оние кои ги поддржуваат за време на целиот процес.

Токму ова го поттикна “Samsung” да ја воведе “Победничката Селфи фотографија“ (“Victory Selfie”) како дел од официјалната програма на церемониите за доделување медали, пренесувајќи го на подиумот најприродниот и најавтентичниот начин на кој спортистите ги доловуваат своите животи. Обликувано од самите спортисти, ова стана култен дел од искуството на освојување медал.

Сега, на Милано Кортина 2026, Победничката Селфи – фотографија го отвора следното поглавје овозможено од Олимпиското издание на Galaxy Z Flip7 (Galaxy Z Flip7 Olympic Edition).

Покрај своето деби на Зимските Олимписки Игри, “Победничката Селфи – фотографија” исто така и ќе се прошири надвор од моментите на подиумот и ќе ја “улови“ заедничката победа, овозможувајќи им на тимовите да слават рамо до рамо, токму онака како што тренирале, се натпреварувале и заедно ги заслужиле освоените медали.

За прв пат воведена во Париз 2024, “Победничката Селфи – фотографија” помага Олимписките мигови кои се случуваат еднаш во животот да бидат доживеани како поблиски и полични.  Речиси 300 “Победнички Селфи – фотографии” беа креирани во Париз со Олимпиското издание на Galaxy Z Flip6, доловувајќи ги енергичните и разновидни карактери на спортистите на подиумот.

Од гледачите кои го следат тој момент во живо, па сè до спортистите кои ја споделуваат својата Победничка Селфи фотографија со семејството, навивачите и следбениците ширум светот, “Samsung” помага во претворање на подиумот во една културна сцена – место каде што спортот, искреноста и заедничката победа се спојуваат во едно, и каде што еден култен момент продолжува да расте и по завршувањето на Зимските олимписки игри.

Mixed Biathlon_low

Освојувачите на златни медали Ерик Перо (Eric Perrot), Квентин Фијон Маје (Quentin Fillon Maillet), Лу Жанмоно (Lou Jeanmonnot) и Жулија Симон (Julia Simon) од француската репрезентација, освојувачите на сребрени медали Томазо Џакомел (Tommaso Giacomel), Лукас Хофер (Lukas Hofer), Доротеа Вирер (Dorothea Wierer) и Лиза Витоци (Lisa Vittozzi) од италијанската репрезентација, како и освојувачите на бронзени медали Јустус Штрелов (Justus Strelow), Филип Наврат (Philipp Nawrath), Ванеса Фојгт (Vanessa Voigt) и Франциска Пројс (Franziska Preuss) од германската репрезентација позираат за “Победничка Селфи-фотографија“ на победничкиот подиум за време на доделувањето на медалите во мешана штафета 4 x 6 км (Мажи + Жени) на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 во Биатлон арената Антерселва, на 8 февруари 2026 година во Антхолц-Антерселва, Италија.
(Фотографија: Мајкл Стил (Michael Steele)/Getty Images)

Team Figure Skating Victory Selfie_low

Освојувачите на златни медали од репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, освојувачите на сребрени медали од репрезентацијата на Јапонија и освојувачите на бронзени медали од репрезентацијата на Италија на победничкиот подиум прават “Победничка Селфи-фотографија“ со Олимпиското издание на уредот Samsung Galaxy Z Flip7 (Samsung Galaxy Z Flip7 Olympic Edition) за време на церемонијата на доделување медали во екипниот натпревар на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 на лизгалиштето во Милано, на 8 февруари 2026 година во Милано, Италија.
(Фотографија: Андреас Ренц (Andreas Rentz)/Getty Images)

Women’s Parallel Giant Slalom_low

Освојувачката на златен медал Зузана Мадерова (Zuzana Maderova) од Чешка, освојувачката на сребрен медал Сабине Пајер (Sabine Payer) од Австрија и освојувачката на бронзен медал Лучија Далмасо (Lucia Dalmasso) од Италија позираат за “Победничка Селфи-фотографија“ за време на доделувањето на медалите во паралелен велеслалом за жени на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 во Сноу-паркот Ливињо, на 8 февруари 2026 година во Ливињо, Италија.
(Фотографија: Давид Рамос (David Ramos)/Getty Images)

Men’s Parallel Giant Slalom_low

Освојувачот на златен медал Бенјамин Карл (Benjamin Karl) од репрезентацијата на Австрија, освојувачот на сребрен медал Сангкјум Ким (Sangkyum Kim) од репрезентацијата на Република Кореја и освојувачот на бронзен медал Тервел Замфиров (Tervel Zamfirov) од репрезентацијата на Бугарија позираат за “Победничка Селфи-фотографија“ користејќи го Олимпиското издание на уредот Samsung Galaxy Z Flip7 (Samsung Galaxy Z Flip7 Olympic Edition) за време на доделувањето на медалите во машки паралелен велеслалом на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 во Сноу-паркот Ливињо, на 8 февруари 2026 година во Ливињо, Италија.
(Фотографија: Давид Рамос (David Ramos)/Getty Images)

Men’s Snowboard Big Air_low

Освојувачот на златен медал Кира Кимура (Kira Kimura) од Јапонија, освојувачот на сребрен медал Рјома Кимата (Ryoma Kimata) од Јапонија и освојувачот на бронзен медал Јиминг Су (Yiming Su) од Кина ја слават победата со правење “Победничка Селфи-фотографија“ со Олимпиското издание на уредот Samsung Galaxy Z Flip7 (Samsung Galaxy Z Flip7 Olympic Edition) за време на доделувањето на медалите во финалето на машкиот сноуборд Big Air на првиот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 во Сноу-паркот Ливињо, на 7 февруари 2026 година во Ливињо, Италија.
(Фотографија: Камерон Спенсер (Cameron Spencer)/Getty Images)

Mens Speed Skating 5000m_low

Освојувачот на златен медал Сандер Еитрем (Sander Eitrem) од Норвешка, освојувачот на сребрен медал Методеј Јилек (Metodej Jilek) од Чешка и освојувачот на бронзен медал Рикардо Лорело (Riccardo Lorello) од Италија прават “Победничка Селфи-фотографија“ по доделувањето на медалите по трката во брзо лизгање на 5000 метри за мажи на вториот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 на стадионот за брзо лизгање во Милано, на 8 февруари 2026 година во Милано, Италија.
(Фотографија: Сара Стир (Sarah Stier)/Getty Images)

Speed Skating Womens3000m_low

Освојувачката на златен медал Франческа Лолобриџида (Francesca Lollobrigida) од италијанската репрезентација, освојувачката на сребрен медал Рагне Виклунд (Ragne Wiklund) од норвешката репрезентација и освојувачката на бронзен медал Валери Малтаис (Valerie Maltais) од канадската репрезентација прават “Победничка Селфи-фотографија“  за време на доделувањето на медали во трката на 3000 метри во брзо лизгање за жени на првиот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 на стадионот за брзо лизгање во Милано, на 7 февруари 2026 година во Милано, Италија.
(Фотографија: Дин Мухтаропулос (Dean Mouhtaropoulos)/Getty Images)

Women’s 10km + 10km Skiathlon Victory Selfie_low*;

Освојувачката на златен медал Фрида Карлсон (Frida Karlsson) од Шведска (централно), освојувачката на сребрен медал Еба Андерсон (Ebba Andersson) од Шведска (лево) и освојувачката на бронзен медал Хајди Венг (Heidi Weng) од Норвешка слават фотографирајќи се за “Победничка Селфи-фотографија“ за време на церемонијата на доделување медали во женски скијатлон на 10 км + 10 км на првиот ден од Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 на стадионот за скијачко трчање Тезеро, на 7 февруари 2026 година во Вал ди Фиеме, Италија.
(Фотографија: Меди Мајер (Maddie Meyer)/Getty Images)

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

За вклученоста на “Samsung“ во Олимписките Игри
“Samsung” е Светски Олимписки Партнер од Зимските олимписки игри во Нагано 1998 година. Речиси 30 години, спортистите и навивачите веруваат во трансформативната мобилна технологија на “Samsung” за споделување на Олимпискиот дух на глобално ниво и продолжуваат да ја обликуваат дигиталната иднина за Олимписките игри за Милано Кортина 2026 и понатаму. Посветеноста на компанијата кон олимпиското движење наскоро навлегува во својата четврта деценија на партнерство и се протега до Лос Анџелес 2028 година. Целосните иновации на “Samsung” во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G, ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките Игри.

За вклученоста на “Samsung“ во Параолимписките Игри
“Samsung” е светски партнер на Интернационалниот Параолимписки Комитет (IPC) во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од Зимските Параолимписки Игри во Торино 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од Игрите преку трансформативната мобилна технологија на “Samsung”. Посветеноста на “Samsung” кон Параолимписките Игри ќе продолжи и во Лос Анџелес 2028 година и ќе биде одбележана преку иновативни мобилни и компјутерски искуства овозможени од наменски иновации во категоријата на безжична комуникација и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема што содржи вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G.

CATEGORIES
Share This