ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА МАНДАТОТ – Трамп сака да се кандидира за претседател на Венецуела

Трамп се пошегува со меѓународни амбиции по завршување на мандатот во 2029 година.

ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА МАНДАТОТ – Трамп сака да се кандидира за претседател на Венецуела
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува дека по завршувањето на неговиот мандат во 2029 година, можеби ќе се кандидира за претседател на Венецуела. Тој го кажа ова за време на состанок на кабинетот, чиј видео запис беше објавен на официјалниот YouTube канал на Белата куќа.

„Всушност, јас водам на анкетите, па кога ќе ми истече мандатот, би можел да одам во Венецуела и да се кандидирам за претседател против Делси Родригез. Би можел да се кандидирам против Делси“, рече Трамп.

Во таа прилика, тој додаде дека односите меѓу САД и Венецуела во моментов се развиваат „исклучително добро“, нагласувајќи дека билатералните контакти се во позитивна насока.

Трамп претходно изрази контроверзни ставови за меѓународните политички процеси. Тој, на пример, истакна дека би сакал да има лична улога во изборот на нов лидер на Иран, велејќи:

„Треба да бидам вклучен во назначувањето, исто како што бев со Делси во Венецуела.“

CATEGORIES
TAGS
Share This