ПО ЗАКАНАТА НА ТРАМП – Германските војници фатија мајка бежанија од Гренланд
ерманскиот извиднички тим ненадејно ја прекина мисијата и се врати дома

Германски извиднички тим го напушти Гренланд. Веста ја објавија повеќе германски медиуми, меѓу кои „Билд“ и „Дер Шпигел“, а портпарол на германското Министерство за одбрана ја потврди информацијата за новинската агенција ДПА.
Според „Билд“, кој прв ја извести јавноста, војниците за ненадејното заминување биле информирани дури утрово.
„Вчера не беше јасно колку долго ќе останат“, изјави Мориц Милер, еден од новинарите што го известуваа случајот.
Во средата, неколку сојузници на НАТО објавија дека испраќаат војници во Гренланд за учество во воена вежба предводена од Данска, која требаше да трае подолг период.
Потоа беше соопштено дека Германија ќе испрати извиднички тим од 13 членови.
Остануваа да се види дали заминувањето на гермаснките војници е поврзано со упатената закна од Трамп.


