ПО ВОЈНАТА СО ИЗРАЕЛ Хамнеи првпат се појави во јавноста на верски настан
Долгото отсуство на Хамнеи од јавниот живот до овој значаен ден укажува на внимателен и претпазлив пристап кон безбедноста.

Фото: Принскрин
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, се појави во јавноста во саботата, по повод деновите на жалост пред Ашура, што претставува негово прво јавно појавување од почетокот на конфликтот меѓу Иран и Израел.
Ашура е еден од најзначајните денови за шиитските муслимани во Иран и се одбележува како ден на жалост за смртта на Хусеин ибн Али – внукот на пророкот Мухамед и третиот шиитски имам.
Долгото отсуство на Хамнеи од јавниот живот до овој значаен ден укажува на внимателен и претпазлив пристап кон безбедноста. Како врховен лидер, тој има клучна улога во сите стратешки и државни одлуки, наведува агенцијата АП.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


