ПО СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ И ОН СО МОЛБА ДО ТРАМП Ослободи ги најсиромашните и најмалите земји од „реципрочни“ царини
Сега со апел се јавија и од Обединетите нации преку нивниот Огранок за трговија и развој, Унктад, и го повикаа Доналд Трамп да ослободи 36 сиромашни и мали земји во светот од „реципрочни“ царини.

Доналд Трамп речиси го шокираше светот новите царински тарифи што ги воведе САД спрема остатокот на светот со изговор дека ривалските економии ги „ограбувале“ САД со нефер трговски практики и дека сакал да создаде рамноправни услови за игра. По ова следуваа бројни молби од светските лидери, како и од ЕУ, Трамп да се воздржи од зголемувањето на царините на што Трамп одговори со пауза за 90 дена повисоките царински стапки, освен за Кина, откако предизвика хаос на светските финансиски пазари.
Сега со апел се јавија и од Обединетите нации преку нивниот Огранок за трговија и развој, Унктад, и го повикаа Доналд Трамп да ослободи 36 сиромашни и мали земји во светот од „реципрочни“ царини.
„Многу од земјите насочени со високи царини веројатно нема да бидат закана за најголемата светска економија, со оглед на нивната мала големина и скромните нивоа на извоз“ – изјавија од Унктад.
Во извештајот, Унктад идентификува 28 нации што американскиот претседател ги издвои за повисока царина од основната линија од 10 отсто – и покрај тоа што секоја сочинува помалку од 0,1 отсто од трговскиот дефицит на САД.
„Сегашната 90-дневна пауза претставува можност да се преиспита како се третираат малите и ранливите економии – вклучувајќи ги и најмалку развиените земји“ – рече Унктад.
Анализата на Унктад вели дека многу од овие економии се толку мали што веројатно ќе генерираат мала побарувачка за американскиот извоз, дури и ако ги намалат тарифите, како што изгледа дека бара Белата куќа.
„Ова е критичен момент да се разгледа нивното ослободување од царините кои нудат мала или никаква предност за американската трговска политика, но ризикуваат да предизвикаат сериозна економска штета“ – поптенцираат од Унктад.


