ПО ОСТАВКАТА НА ДИМИТРОВСКА – Изборот на наследник по изборите

Претседателот на собраниската комисија, Ѓорѓија Сајкоски, потврди дека нема да има автентично толкување на Изборниот законик и дека изборот ќе се одложи.

ПО ОСТАВКАТА НА ДИМИТРОВСКА – Изборот на наследник по изборите
Фото: Национал

По оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, Комисијата за прашања на изборите и именувањата формираше комисија за селекција на кандидати за нејзин наследник. Сепак, одлучено е овој процес да биде ставен во мирување и да продолжи по локалните избори на 3 ноември.

ДКСК претходно соопшти дека нема надлежност да оцени дали изборот на нов претседател е итен. Претседателот на собраниската комисија, Ѓорѓија Сајкоски, потврди дека нема да има автентично толкување на Изборниот законик и дека изборот ќе се одложи.

Во комисијата за селекција членуваат:

  • Илбер Руфати, заменик народен правобранител

  • Дарко Аврамовски, член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

  • Балдри Јашари, член на истиот совет

  • Бојан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ)

  • Саранда Имери-Стафаи (коалиција „Вреди“)

  • Митко Трајчулески (СДСМ)

  • Арбана Пашоли (ДУИ)

CATEGORIES
Share This