ПО ОПРЕАЦИЈАТА ЕПСКИ ГНЕВ – Нови поскапувања на горивата во Македонија
Цените на нафтата на светските берзи пораснаа за речиси 10% и достигнаа највисоко ниво во последните четири години.

Фото: Национал
Македонските возачи денес со неизвесност ја очекуваат одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). По петочниот скок на дизелот од два денари, новата корекција доаѓа во момент на драматична глобална нестабилност. Цените на нафтата на светските берзи утрово пораснаа за речиси 10%, достигнувајќи највисоко ниво во последните четири години.
Причина за овој шок е американско-израелската операција „Епски гнев“ против Иран.
Бидејќи РКЕ ги формира домашните цени врз основа на движењата на светските берзи во изминатите денови, речиси е сигурно дека бензините и дизелот ќе поскапат, отсликувајќи ги случувањата на Блискиот Исток.
CATEGORIES Бизнис


