ПО НЕКОЛКУНЕДЕЛНИОТ ПАД ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА и покрај ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран

ПО НЕКОЛКУНЕДЕЛНИОТ ПАД ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА  и покрај ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран

По неколкунеделен пад, американскиот долар минатата недела зајакна во однос на кошницата од шест главни светски валути, поттикнат од зголемената побарувачка за сигурни актива поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран.

Индексот на доларот се зголеми за 0,6% и достигна 98,77 поени. Еврото ослабе за 0,2% на 1,1525 долари, додека во однос на јапонскиот јен, доларот се зацврсти за 1,3%, достигнувајќи 146,05 јени.

Иако доларот претходно беше под притисок од непредвидливата тарифна политика на претседателот Трамп и падна на најниско ниво во последните три години, зголемената геополитичка неизвесност го врати интересот кон него како безбедно засолниште.

Дополнителна поддршка дојде и од одлуката на Федералните резерви да ги задржат каматните стапки непроменети, спротивно на барањата на Белата куќа за нивно намалување.

CATEGORIES
Share This