ПО НАПАДИТЕ НА ИРАН – ОПЕК+ најави поголемо зголемување на квотите за нафта

Аналитичарите предупредуваат на можен скок на цените и ризик од напади врз Ормутскиот теснец.

ПО НАПАДИТЕ НА ИРАН – ОПЕК+ најави поголемо зголемување на квотите за нафта
Фото: Принтскрин

Клучните членови на алијансата за производство на нафта ОПЕК+ најавија поголемо од очекуваното зголемување на квотите за производство на нафта, по нападите на САД и Израел врз Иран и последователната иранска одмазда низ целиот Блиски Исток.

Групата од осум членови, позната како В8, која вклучува големи производители како Саудиска Арабија и Русија, како и неколку земји од Персискиот Залив погодени од ракетни напади од Иран, соопшти дека се договорила за „прилагодување на производството“ од 206.000 барели дневно. Ова зголемување ќе се спроведе во април, објави Ал Џезира.

Иако соопштението не го споменува експлицитно конфликтот во Иран, како причини за одлуката се наведуваат стабилните глобални економски перспективи и моментално здравите пазарни фундаменти.

Пред состанокот за време на викендот, експертите очекуваа помало зголемување од 137.000 барели дневно.

Хорхе Леон, аналитичар во „Раџстад енерџи“, предупреди дека договореното зголемување можеби нема да биде доволно за да се спречи скок на цените на нафтата поради конфликтот во Иран. Тој, исто така, предупреди на можност Иран да возврати со напад врз Ормутскиот теснец, клучна бродска линија низ која минува речиси една четвртина од светските залихи на нафта по море.

CATEGORIES
Share This