ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ – Трамп најави брз крај на војната

Трамп истакна дека САД и Израел продолжуваат со притисок врз Хамас за ослободување на преостанатите заложници, а ја спомена и улогата на специјалниот претставник Стив Виткоф во процесот, кој работи и на обезбедување хуманитарна помош за Газа.

ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ – Трамп најави брз крај на војната
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот во Појасот Газа ќе заврши за неколку недели, без да открие детали за исходот. Тој нагласи дека постојано комуницира со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека војната мора наскоро да запре.

Трамп истакна дека САД и Израел продолжуваат со притисок врз Хамас за ослободување на преостанатите заложници, а ја спомена и улогата на специјалниот претставник Стив Виткоф во процесот, кој работи и на обезбедување хуманитарна помош за Газа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио порача дека целта на САД е завршување на војната без присуство на Хамас, во изјава дадена пред средбата на Трамп со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг.

CATEGORIES
TAGS
Share This