Елана Мејерс Тејлор го оствари својот најголем сон и на 41-годишна возраст освои олимписко злато во монобоб и стана најстарата индивидуална шампионка во историјата на Зимските олимписки игри. Пред ова достигнување, таа веќе имаше пет олимписки медали од кои три сребрени и два бронзени, но злато ѝ недостигаше.
Неверојатната победа ја постигна драматично: во последната трка успеа да надомести негативен резултат и го совлада Лаура Нолте за само четири десетинки од секундата.
Елана е мајка на двајца глувонеми синови, Нико и Ноа, а со сопругот Ник Тејлор комуницира преку знаковен јазик. Семејството ја следи на натпреварувањата со помош на дадилка. Спортската кариера на Елана започна во 2006 година, а нејзината приказна кулминираше со златото на олимписките игри и речиси 30 години откако како девојче го носеше олимпискиот факел на Игрите во Атланта во 1996 година.