ПЛЕЈБОИ И КАРМЕН ВО ЉУБЉАНА – Регионалниот театарски фестивал РУТА отвора сцена
Драмски театар – Скопје гостува со претставите ‘Кармен’ и ‘Животот на провинциските плејбои…

Од 29 јануари до 4 февруари 2026 година, Местно гледалишче љубљанско (МГЛ) по петти пат е домаќин на регионалниот театарски фестивал РУТА, кој ги обединува најзначајните театарски куќи од регионот.
Драмски театар – Скопје гостува со две претстави: копродукциската „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме – нашето не го даваме“ и монодрамата „Кармен“ во изведба на Билјана Драгиќевиќ-Пројковска. „Плејбои…“ ги обединува актерите од четири регионални куќи и претходно гостувала на фестивали во Будва, Скопје, Белград, Охрид и на Бриони.
По претставите се организираат разговори со уметниците, а фестивалот продолжува да ја промовира соработката меѓу регионалните театарски куќи и размена на искуства помеѓу уметниците и публиката.

