ПЛАТИТЕ НЕ СЕ ПОКАЧУВААТ – Вработените во матични книги утре бојкотираат

Вработените ќе бидат на работа, но нема да ги извршуваат своите редовни задачи.

ПЛАТИТЕ НЕ СЕ ПОКАЧУВААТ – Вработените во матични книги утре бојкотираат
Фото: Национал

Вработените во Управата за водење на матични книги најавија бојкот на работата за утре.  Тие ќе бидат присутни на своите работни места, но нема да ги извршуваат своите работни обврски.

Од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) и вработените во Управата за водење на матични книги, велат дека, минатат недела се договориле на ваков чекор, бидејќи досега нема решени за нивните барања.

„Вработените и утре ќе бидат на своите работни места, но документи нема да издаваат, а бидејќи секој од нив заслужува 20 отсто, поради тежината на работата, поради тоа што работат со доверливи документи, но досега нема никаков договор, на минатонеделниот состанок се договоривме да бојкотираме. Еднодневниот прекин за работата на 16. декември е во знак на револт поради долголгогодишно непочитување на Колективниот договор и игнорирање на нашите барања за подобри услови и повисоки плати“ – велат од КСОМ

Вработените предупредија дека, доколку нема одговор, може да следува и генерален штрајк.

CATEGORIES
Share This