ПЛАНОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ – 481 проект и над 1,35 милијарди евра инвестиции

ПЛАНОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ – 481 проект и над 1,35 милијарди евра инвестиции
Фото: Принтскрин

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за „Бизнис Вести“ зборува за енергетската трансформација на Македонија и приоритетите за 2026 година.

Во 2025 година Македонија направи пресврт во енергетиката со нов Закон за енергетика и План за изградба на енергетски објекти. Инвестициите се фокусирани на соларни и ветро-проекти, како и први капацитети за складирање енергија, додека мрежата се модернизира за стабилна интеграција на обновливите извори.

За 2026, приоритети се батериски системи за флексибилност и подобро управување со ОИЕ, интерконектор со Грција за диверзификација на снабдувањето со гас и гасен интерконектор со Србија за регионална интеграција. Целта е повеќе домашно производство, поголема енергетска независност и поефикасен, стабилен систем за граѓаните и стопанството.

Целото интервју на министерката Божиновска за „Бизнис Вести“ ТУКА

CATEGORIES
TAGS
Share This