ПИПЕРКИТЕ ПО 290 ДЕНАРИ – Зошто купувањето зеленчук станува луксуз

Причините се сложени као што се зголемени трошоци за транспорт и неповолни временски услови.

ПИПЕРКИТЕ ПО 290 ДЕНАРИ – Зошто купувањето зеленчук станува луксуз
Фото: Принтскрин

Во последниот период, цените на зеленчукот во земјава бележат значителен раст, што директно се чувствува врз домашните буџети на граѓаните.

На пазарите и во маркетите, основните производи како домати, краставици, пиперки и кромид се продаваат по значително повисоки цени од вообичаеното. Граѓаните се жалат дека секојдневното пазарување станува сè поголем товар, особено за семејствата со пониски приходи.

Според трговците, причините за поскапувањето се повеќеслојни и зголемени трошоци за производство и транспорт, неповолни временски услови кои влијаеле врз приносите, како и пораст на увозните цени на одредени производи.

Експертите предупредуваат дека ваквиот тренд може да продолжи и во наредниот период, особено ако временските услови останат нестабилни и цените на енергенсите не се намалат.

Од вчера, на социјалните мрежи главна тема е цената на свежиот пипер, кој во маркетите достигна 290 денари за килограм.

CATEGORIES
Share This