ПИМЕН СЕ КАЕ: ЗГРЕШИВ ШТО БАРАВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО, НЕКОЈ МЕ ИЗЛАЖА Прашањето е сега кој го излажал – Господ или Зоран Заев

Од поддршка за кампањата на Заев до јавно каење – Пимен отвора тешки прашања за вмешаноста на политиката во Црквата.

ПИМЕН СЕ КАЕ: ЗГРЕШИВ ШТО БАРАВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО, НЕКОЈ МЕ ИЗЛАЖА Прашањето е сега кој го излажал – Господ или Зоран Заев
Фото: Принтскрин

Митрополитот Пимен јавно призна дека направил грешка со повикот до граѓаните да излезат на референдумот за промена на името во 2018 година. Во поткастот на „Слободен печат“, тој изјави дека денес тој потег го гледа како сопствена наивност и погрешна проценка.

„Од денешна перспектива, мојот повик да се излезе на референдумот за името го сметам за голема грешка. Некој мене ме излажа, а јас ги излажав останатите“, рече митрополитот Пимен.

Тој објасни дека во тој период верувал оти ако се смени името ќе има подобра иднина за државата и за народот, но наместо тоа, како што посочи, резултирало со длабоко разочарување. Сето тоа според неговите зборови, го доживува како лична грешка и наивност.

Потсетуваме дека владиката Пимен во 2018 година јавно се залагаше за промена на македонското свето библиско име и ја поддржа кампањата на тогашната влада на Зоран Заев која се водеше под мотото „Излези за Европска Македонија“.

На спротивната страна беше кампањата на Националниот Блок „Македонија Бојкотира“, во која беа вклучени 84 организации – партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство. Победи Кампањата на „Македонија-Бојкотира„ предводена од партијата Единствена Македонија и народот одлучно кажа „не“ за промена на името.

Со денешното јавно признание на митрополитот Пимен дека бил излажан и погрешил што се залагал за промена на името со што се брише и идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, повторно се отвора прашањето за улогата и влијанието на политичките фактори врз одлуките на црковните личности во тој чувствителен период за државата.

Јавноста очекува дополнително појаснување – кој и со какви аргументи го излажал владиката Пимен да бара промена на името, за што денес самиот вели дека бил погрешно.

Поточно, Владиката Пимен јавно призна дека бил излажан да се бори за промена на името и оттука се поставува како легитимно прашањето:

„Кој го излажа Пимен – Господ или Зоран Заев“!?

Народот очекува одговор од владиката Пимен.

Кампањата на Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ може да ја погледнете во видеото:

CATEGORIES
TAGS
Share This