ПЕТРЕ ДИМОВСКИ И ЗОРИЦА МИТРОВИЌ – Добитници на наградата „Гоцева мисла“ за 2026 година

Наградата се доделува за исклучителен придонес во афирмацијата на македонската култура и литература, а Димовски се истакнува со повеќе од 50 дела и богато книжевно творештво

ПЕТРЕ ДИМОВСКИ И ЗОРИЦА МИТРОВИЌ – Добитници на наградата „Гоцева мисла“ за 2026 година
Фото: Принтскрин

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ ги соопшти добитниците на меѓународната награда „Гоцева мисла“ за 2026 година, која традиционално се доделува во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев.

Наградата „Гоцева мисла“ се доделува на личности кои со својот творечки, културен и интелектуален ангажман значајно придонесуваат за афирмацијата на македонската култура, литература и духовни вредности на меѓународен план, како и за унапредување на културниот дијалог меѓу народите. За 2026 година, добитници се Петре Димовски од Битола и Зорица Митровиќ од Белград.

Наградата на Петре Димовски му се доделува за исклучителното книжевно творештво и животното дело во македонската литература, за неговиот долгорочен придонес во развојот на македонската книжевност, како и за богатото и жанровски разновидно творештво што остава траен белег во македонската културна историја.

Димовски е автор на повеќе од педесет дела, меѓу кои 21 роман, 17 збирки раскази и 7 драмски и монодрамски дела. Со својот уникатен стил, тематска длабочина и континуирана творечка енергија, тој го збогатува македонскиот книжевен канон.

Петре Димовски е добитник и на бројни други награди и признанија, меѓу кои се „Стале Попов“, „Ванчо Николески“, „4 Ноември“, „Прозни мајстори“, „Живко Чинго“, „Тренд“, „Вермилион“, „Крсте Чачански“ и други.

CATEGORIES
Share This