ПЕТАРДИ ОСТАВИЈА ТРАЈНИ ПОСЛЕДИЦИ – Пет деца и двајца возрасни тешко повредени за Нова година

Седум интервенции, меѓу кои ампутации на прсти, го покажуваат ризикот од пиротехника

ПЕТАРДИ ОСТАВИЈА ТРАЈНИ ПОСЛЕДИЦИ – Пет деца и двајца возрасни тешко повредени за Нова година
Фото: Архива

Министерството за здравство ја заврши кампањата против пиротехниката, објавувајќи загрижувачки податоци за повредите што се случија за време на дочекот на Новата година. И покрај бројните едукации, седум лица – пет деца и двајца возрасни се здобиле со трајни инвалидитети поради неправилно користење петарди.

Лекарите од Универзитетската клиника за пластична хирургија и Ургентниот центар извршиле комплексни интервенции, вклучително и ампутации на делови од прсти.

„Овие седум случаи потсетуваат дека секоја повреда носи долг процес на лекување и трајни последици. Фактот дека кај деца биле потребни ампутации јасно ја покажува сериозноста на последиците“, истакнаа надлежните на денешната прес-конференција.

CATEGORIES
TAGS
Share This