ПЕТ КОЛА ДО ОДЛУКА – Ова се тимовите кои ќе се борат за титулата

Еднокружен систем, емоции до последната секунда, натпреварите ќе бидат жестоки.

ПЕТ КОЛА ДО ОДЛУКА – Ова се тимовите кои ќе се борат за титулата
Фото: Принтскрин

По завршувањето на регуларниот дел од сезоната, познат е распоредот за првата фаза од плеј-офот со формат од 6 тимови кои ќе се борат за првите 4 места кои носат пласман во полуфиналето. Одигрувањето е според еднокружен систем „секој со секого“ во пет кола. Лидер по регуларниот дел е ТФТ (41 бода) додека втро беше тимот на МЗТ Скопје (40 бода).

Ќе се игра според следниот распоред. Во првото коло играат ТФТ – Тиквеш, МЗТ Скопје – Кожув и Пелистер – Маџари. Во второто коло ТФТ – МЗТ Скопје, Кожув – Пелистер и Тиквеш – Маџари. Трето коло МЗТ Скопје – Тиквеш, Пелистер – ТФТ и Маџари – Кожув. Четврто коло Тиквеш – Кожув, ТФТ – Маџари и МЗТ Скопје – Пелистер. Петто коло Пелистер -Тиквеш, Маџари – МЗТ Скопје и Кожув – ТФТ.

Во регуларниот дел табелата е следна:

Позиција Тим П В П Поени Резултат
1 ТФТ 22 19 3 41 1817:1571
2 МЗТ Скопје А. 22 19 3 40 1735:1534
3 Пелистер 22 14 8 36 2002:1807
4 Маџари 22 12 10 34 1752:1731
5 Кожув 22 12 10 34 1834:1793
6 Тиквеш ГИ 22 11 11 33 1735:1728
CATEGORIES
Share This