ПЕРИНСКИ ОД ГЕВГЕЛИЈА Владата постави стратешка рамка за одржлив локален развој

Конференцијата продолжува со четири тематски панели: Праведен раст, посилни региони, усогласување на политики и финансии и дигитална трансформација.

ПЕРИНСКИ ОД ГЕВГЕЛИЈА Владата постави стратешка рамка за одржлив локален развој
Фото: Влада

Во Гевгелија денес започна дводневна меѓународна конференција за регионален развој под мотото „Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој“, организирана од Министерството за локална самоуправа на која министерот за локална самоуправа Златко Перински нагласи дека одговорноста на институциите е да изградат држава отпорна на предизвици.

„Регионалната рамнотежа не значи само распределба на пари, туку создавање еднакви можности – без разлика дали некој живее во урбан или рурален дел,“ рече Перински.

Тој подвлече дека Владата е целосно посветена и веќе започнала со реални вложувања во инфраструктура, поставувајќи рамка за стратешки и одржлив развој.

„Ова е сложена задача што бара здружени напори на повеќе институции,“ додаде министерот.

Конференцијата продолжува со четири тематски панели: Праведен раст, посилни региони, усогласување на политики и финансии и дигитална трансформација.

Меѓу говорниците се министри, заменици министри, експерти, како и претставници од академската, бизнис и локалната заедница. Фокусот е ставен на полицентричен и интегриран пристап кон развојот, како клуч за справување со демографските предизвици и поддршка на помалите и рурални општини.

CATEGORIES
TAGS
Share This