ПЕНЗИИТЕ ВО СРБИЈА ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 12,2% – Просечна пензија достигнува 56.860 динари

Српксиот фонд за ПИО најавува исплата на повисоките пензии уште во првите работни денови по Нова година.

ПЕНЗИИТЕ ВО СРБИЈА ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 12,2% – Просечна пензија достигнува 56.860 динари
Фото: Принтскрин

Проценетата пензија за декември во Србија ќе биде зголемена за 12,2 проценти и ќе изнесува околу 56.860 динари (485 евра), што е за околу 6.000 динари (50 евра) повеќе од сегашниот просек.

Ова го соопшти директорот на Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), Реља Огњеновиќ, во најновото издание на билтенот „Гласот на осигурениците“. Тој најави дека Фондот ќе настојува исплатата на зголемените пензии да се реализира веќе во првите работни денови по Нова година.

Според Огњеновиќ, во изминатата година, од декември 2024 кога пензиите беа покачени за 10,9%, до декември 2025, кумулативното зголемување изнесува 24,4 проценти, што е значително повеќе од инфлацијата во истиот период, која останала едноцифрена.

Тој појасни дека процентот на усогласување е утврден врз основа на растот на просечната нето плата во претходниот период, што, како што рече, е најповолен метод за корисниците.

„Благодарение на растот на БДП од јули 2024 до јуни 2025 година, учеството на нето пензиите во БДП е помало од 10 проценти. Со примена на формулата за прилагодување од Законот за ПИО, се добива процент од 12,2 проценти“, додаде Огњеновиќ.

Тој исто така нагласи дека фондот ги обезбедил средствата за исплата на повисоките пензии преку финансискиот план за 2026 година. Предвидениот буџет на Фондот за наредната година изнесува 1.365,7 милијарди динари, што е за 12,2 проценти повеќе од првичниот план за 2025 година и номинално е повисок за 148 милијарди динари.

CATEGORIES
Share This