ПЕНЗИИТЕ ПОВТОРНО РАСТАТ Еве колку ќе добијат пензионерите

Дополнително, со ребалансот на буџетот веќе доставен до Собранието, се предвидува и дополнителен трансфер од една милијарда денари кон Пензискиот фонд - поради неостварените приходи и потребата од финансиска стабилизација.

ПЕНЗИИТЕ ПОВТОРНО РАСТАТ Еве колку ќе добијат пензионерите
Фото: Принт скрин

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска на прес-конференција го потврди редовното, законски предвидено зголемување на пензиите, кое ќе се реализира до крајот на годината. Ова следува и покрај неодамнешното линеарно покачување од 5.000 денари.

„Го вративме старото законско решение и ќе продолжиме да го применуваме. Очекуваме крајот на месецот за да ги добиеме точните пресметки за новото зголемување“, изјави министерката.

Зголемувањето ќе биде процентуално, согласно претходната формула, освен ако не се донесе нова одлука од Министерството за труд и социјална политика. Засега, таква најава нема.

Дополнително, со ребалансот на буџетот веќе доставен до Собранието, се предвидува и дополнителен трансфер од една милијарда денари кон Пензискиот фонд – поради неостварените приходи и потребата од финансиска стабилизација.

CATEGORIES
TAGS
Share This