ПЕНЗИИ ВО ЕУ – Најголеми и најмали разлики во пензиите меѓу мажите и жените

Просечни пензии во ЕУ и Македонија и земји со најголеми и најмали разлики.

ПЕНЗИИ ВО ЕУ – Најголеми и најмали разлики во пензиите меѓу мажите и жените
Фото: Принтскрин

Во 2024 година, во ЕУ, просечната пензија за жените на возраст од 65 години или повеќе е околу 24,5% пониска од пензијата на мажите. Во Северна Македонија, според податоците од 2023 година, женските пензии се 18,2% пониски од мажите.

Најголеми разлики во ЕУ има во Малта 40,3%, Холандија 36,3% и Австрија 35,6%.

Најмали разлики има во Естонија 5,6%, Словачка 8,4% и Унгарија 9,6%.

Во регионот, во периодот 2023-2025 година разликите изнесуваат во Црна Гора 8,3%, Албанија – 15,6%, Србија 16,8%, Бугарија 17,5%, Хрватска 19,3% и Грција 23,8%.

Покрај просечните пензии, Евростат користи и медијални пензии, кои се помалку чувствителни на екстремно високи или ниски вредности.

Во ЕУ, медијалната пензија за жени е 24,9% пониска од онаа за мажите. Најголеми јазови се забележани во Луксембург 43,3%, Шпанија 41,1% и Холандија 39,6%.

Најмали јазови се во Естонија 0,3%, Унгарија 0,4% и Данска 2,7%.

CATEGORIES
Share This