ПАВЛОВИЌ СТРУМИЦИ ЈА НАРЕЧЕ БУГАРСКИ ГРАД – Етички срам е поддршката за Латас од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, остро реагираше на последните изјави на новинарот Драган Павловиќ, како и на, според него, поддршката што Латас ја добива од ВМРО-ДПМНЕ. Во својата јавна изјава, Костадинов праша зошто опозициската партија застанува зад личност која, како што вели, ја навредува честа и достоинството на Струмица и Македонија.
„Истиот Латас кој ја нарече Струмица ‘бугарски град’. Истиот за кого со години постојат јавни сомнежи за сериозни обвинувања. Тоа не е само политички пад, туку етички срам“, изјави Костадинов.
Тој истакна дека неговата претходна реакција не била повик за насилство, туку чин на одбрана – и на личната чест, и на достоинството на градот.
„Струмица нема да падне под туѓ јазик, симбол или етикета. Ќе ја браниме честа на нашиот град, како што нашите предци ја бранеа татковината“, порача Костадинов.



