ПАВЕЛ ДУРОВ СОПСТВЕНИКОТ НА ТЕЛЕГРАМ ДОНИРАЛ СПЕРМА – Тврди дека има 106 деца низ 12 земји, сите ќе го наследат богатството

Телеграм денес има повеќе од една милијарда активни корисници месечно. Минатата година, Дуров беше уапсен во Франција под обвинение дека не успеал да спречи криминални активности преку апликацијата, вклучително и трговија со дрога, сексуално злоставување деца и интернет измами.

ПАВЕЛ ДУРОВ СОПСТВЕНИКОТ НА ТЕЛЕГРАМ ДОНИРАЛ СПЕРМА – Тврди дека има 106 деца низ 12 земји, сите ќе го наследат богатството

Основачот и извршен директор на апликацијата за пораки Телеграм, Павел Дуров, изјави дека е биолошки татко на повеќе од 100 деца, и дека планира своето богатство да го подели меѓу сите нив.

Во интервју за француското списание „Le Point“, 40-годишниот Дуров откри дека пред 15 години почнал да донира сперма во клиника за плодност со цел да му помогне на пријател. Од таму подоцна добил информација дека, благодарение на неговите донации, се родиле 106 деца во 12 различни земји.

„Сите тие се мои деца и ќе ги имаат истите права. Не сакам да се борат меѓу себе по мојата смрт“, изјави Дуров, додавајќи дека официјално има шест деца со три партнерки.

Богатството на основачот на Телеграм се проценува на речиси 14 милијарди долари, но Дуров истакна дека ниту едно од неговите деца нема да добие пристап до тие пари во следните 30 години.

„Сакам да пораснат како нормални луѓе – да создаваат сопствени бизниси, да научат да се потпираат на себе, да бидат креативни и независни. Не сакам да бидат зависни од нечија банкарска сметка“, објасни тој.

Дуров додаде дека веќе има напишано тестамент, имајќи предвид дека неговата работа – која, според него, вклучува одбрана на слободите често му носи непријатели, вклучително и од моќни држави.

Телеграм денес има повеќе од една милијарда активни корисници месечно. Минатата година, Дуров беше уапсен во Франција под обвинение дека не успеал да спречи криминални активности преку апликацијата, вклучително и трговија со дрога, сексуално злоставување деца и интернет измами.

CATEGORIES
Share This