ПАРТИЗАН РЕДИ ПОБЕДИ ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ОБРАДОВИЌ Падна и Црвена Ѕвезда
Црно-белите направија пресврт во последната четвртина и ја совладаа Црвена ѕвезда

Кошаркарите на Партизан ја продолжија победничката серија откако од тренерската позиција се повлече Жељко Обрадовиќ. „Црно-белите“ синоќа во 15. коло на Евролигата ја совладаа Црвена ѕвезда, остварувајќи убедлив триумф по голем пресврт во последната четвртина, која ја добија со 30:16.
Ова е шеста победа за Партизан во сезоната во Евролигата, додека Црвена ѕвезда претрпе шести пораз. Под водство на новиот тренер Мирко Оцокољиќ, Партизан забележа втора победа по ред во Евролигата, а претходно славеше и во АБА-лигата.
На останатите натпревари во Евролигата синоќа беа регистрирани следните резултати: Дубаи – Баерн 89:88, Монако – Фенербахче 86:92, Барселона – Олимпијакос 98:85 и Виртус Болоња – Хапоел Тел-Авив 74:79
Лидер на табелата е Хапоел Тел-Авив со 11 победи и 4 порази.


