ПАРТИСКИ КОНГРЕС ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА – Ким Џонг-ун го продолжува мандатот

Конгресот ги дефинира клучните цели за следните пет години – економија, одбрана и дипломатија

ПАРТИСКИ КОНГРЕС ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА – Ким Џонг-ун го продолжува мандатот
Фото: Принтскрин

На деветтиот партиски конгрес во Северна Кореја, владејачката Работничка партија го реизбра Ким Џонг-ун за свој генерален секретар, јавуваат севернокорејските државни медиуми.

Според агенцијата KCNA, одлуката е донесена на саботниот состанок, каде исто така беа избрани членови на Централниот комитет на партијата и усвоени измени на партиските регулативи.

Во соопштението се нагласува дека целта на реизборот е развој на партијата и просперитет на нацијата. На крајот од конгресот, како што јавува Јонхап, ќе бидат објавени и клучните политички цели за следните пет години, кои опфаќаат економија, одбрана и дипломатија.

CATEGORIES
TAGS
Share This