ПАРИЗ СО ОТРОВНИ СТРЕЛИ КОН МОСКВА Путин е единствената пречка за мир во Украина
Баро исто така не ја исклучи можноста Франција да склучи сличен договор со Украина, имајќи предвид дека поседува експертиза во областа на минералните суровини.

Рускиот претседател Владимир Путин е „единствената пречка“ за воспоставување мир во Украина, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро во интервју за агенцијата АФП. Оваа изјава следува откако САД и Украина потпишаа договор за соработка во искористувањето на украинските минерални суровини.
„Мора да се признае, и мислам дека сега е кристално јасно, дека единствената пречка за мирот во Украина денес е Владимир Путин“, изјави Баро, посочувајќи дека Киев ги исполнил своите обврски во однос на мировните иницијативи.
Изјавата беше дадена по неговата средба со американскиот државен секретар Марко Рубио во Вашингтон. Баро додаде дека Украина прифатила безусловен прекин на огнот и се согласила на економски договор за критични минерали со САД.
„Овој договор одговара на очекувањата на Украина за вклучување во економска соработка не само со САД, туку и со други меѓународни партнери“, истакна францускиот министер.
Во исто време, според Баро, Русија досега не испратила никакви сигнали за подготвеност за прекин на огнот или за учество во мировен процес, што, како што рече, е цел на Европа, Украина, но и на американскиот претседател Доналд Трамп.
Баро исто така не ја исклучи можноста Франција да склучи сличен договор со Украина, имајќи предвид дека поседува експертиза во областа на минералните суровини.


