ПАПАТА ЛАВ XIV – Вештачката интелигенција не смее да го замени Бог

Папата Лав XIV не е против технологијата - тој е против нејзината злоупотреба. Со повик за меѓународен обврзувачки договор и враќање на човекот во центарот на дигиталниот свет, тој ја отвора вратата за нова етапа во односите меѓу Црквата и модерните технологии - етапа во која Ватикан нема намера да биде нем набљудувач.

ПАПАТА ЛАВ XIV – Вештачката интелигенција не смее да го замени Бог

Во првите денови од својот понтификат, новоизбраниот папа Лав XIV – првиот американски папа во историјата на Католичката црква ја постави вештачката интелигенција како едно од најсериозните предизвици за човештвото и Црквата. Со јасна и критична реторика, тој се спротивстави на технолошките гиганти, обвинувајќи ги дека преку ВИ се обидуваат да го заменат Бог.

Во говорот пред Колеџот на кардинали во мај 2025 година, папата нагласи дека ќе се потпре на 2.000 години социјално учење на Црквата за да се справи со предизвиците што ги носи оваа нова „индустриска револуција“. Тој го избра името Лав токму во чест на папата Лав XIII, кој во 19 век се зафатил со темите на индустријализацијата преку енцикликата Rerum Novarum.

„Иновациите во областа на вештачката интелигенција се закана за човечкото достоинство, правдата и работата“, рече тој, додавајќи дека технологијата не смее да стане нов идол или замена за духовното.

Голем број челници на корпорации како Google, Microsoft, Cisco и други во изминативе години активно се вклучени во иницијативи поврзани со Ватикан, особено преку „Римскиот дијалог за вештачка интелигенција“. Целта на овие напори е јасна – да се влијае врз глобалната регулатива преку етички повици во кои Црквата има силен авторитет.

Microsoft, кој уште во 2020 година заедно со IBM го потпиша „Римскиот повик за етика на вештачката интелигенција“, неодамна соработуваше со Ватикан на изработка на дигитален близнак на базиликата „Свети Петар“ – дел од поширока стратегија за етичко брендирање.

Но, новиот папа предупредува дека таквите партнерства не смеат да ја засенат мисијата на Црквата. Во документот Antiqua et Nova (Старо и ново), објавен во јануари 2025 година, Ватикан укажува дека „третирањето на ВИ како поголем ‘Друг’ со кој човештвото го дели постоењето и одговорностите, создава опасност од обожување на сопствените творби наместо Бога“.

Во јуни 2025 година, папата Лав XIV уште еднаш ја повтори својата загриженост пред италијанските бискупи. Според него, вештачката интелигенција, биотехнологијата и социјалните мрежи „длабоко ја трансформираат нашата визија и искуство за животот“, додавајќи:

„Достоинството на човечкото битие ризикува да биде заборавено, заменето со функции, автоматизми и симулации. Човекот не е алгоритамски систем: тој е суштество, врска, мистерија.“

Иако Ватикан не ја исклучува соработката со технолошките компании – напротив, го потпиша етичкиот повик уште во 2020 година папата јасно става до знаење дека таа мора да биде внимателна и критички насочена.

„Концентрацијата на моќта над најважните апликации на вештачката интелигенција во рацете на неколку компании претставува сериозен етички проблем“, се вели во официјалниот став.

Папата Лав XIV не е против технологијата – тој е против нејзината злоупотреба. Со повик за меѓународен обврзувачки договор и враќање на човекот во центарот на дигиталниот свет, тој ја отвора вратата за нова етапа во односите меѓу Црквата и модерните технологии – етапа во која Ватикан нема намера да биде нем набљудувач.

CATEGORIES
Share This