ПАПАТА ЛАВ XIV ПОВИКУВА НА ПРЕКИН НА ОГНОТ Ситуацијата во Судан ескалираше

По молитвата Ангелус, пред илјадници верници и поклоници собрани на плоштадот Свети Петар, папата изрази длабока тага поради трагичните вести кои пристигнуваат од Судан. Тој особено се осврна на неодамнешниот масакр во градот Ел Фашер, во Северен Дарфур, каде што се случуваат ‘индискриминирани насилства против жени и деца, напади врз беззащитни цивили и сериозни пречки за хуманитарна помош.’
Папата нагласи дека оваа ситуација ‘предизвикува неприфатливо страдање на населението кое веќе е исцрпено од месеци на конфликт.’ Тој повтори својот ‘искрен повик до засегнатите страни да прогласат прекин на огнот и итно да отворат хуманитарни коридори.’
‘На крајот, повикувам на интервенција на меѓународната заедница, да биде одлучна и генераозна, да понуди помош и поддршка на оние кои неуморно работат за да обезбедат помош,’ изјави Римскиот бискуп, според соопштението на Прес-службата на Светата столица.


