ПАНИКА ВО СДС – Филипче не успева никого да убеди да се впушти во трката за градоначалник на Скопје

Филипче очајно се обидува да најде лице кое ќе прифати да биде дел од бродот што тоне и да го сноси поразот додека рејтингот им е на ниво на статитстичка грешка.

ПАНИКА ВО СДС – Филипче не успева никого да убеди да се впушти во трката за градоначалник на Скопје
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

СДС и Филипче се во паника бидејќи ниту на оглас не можат да најдат кандидат, па по цели денови бараат решение и молат луѓе да прифатат кандидатура, но никој не сака да се впушти во битка која е однапред изгубена.

Во СДС се свесни за катастрофалниот пораз што ги чека во октомври бидејќи ги гледаат резултатите од анкетите кои покажуваат сооднос 5:1, во корист на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Рејтингот на СДС и нивните потенцијални кандидати за Скопје е на историско дно. Скопје ги знае СДС по неработење, криминал, неспособност, и токму затоа граѓаните ја изгубија довербата во партијата предводена од Филипче а и тој лично знае дека ги чека дебакл уште во првиот изборен круг.

Филипче очајно се обидува да најде лице кое ќе прифати да биде дел од бродот што тоне и да го сноси поразот додека рејтингот им е на ниво на статитстичка грешка.

CATEGORIES
Share This