ПАНИКА ВО АВИОСООБРАЌАЈОТ – Доаѓа недостиг што може да ги запре летовите низ Европа

Залихите на гориво се намалуваат, а воените тензии го влошуваат проблемот.

ПАНИКА ВО АВИОСООБРАЌАЈОТ – Доаѓа недостиг што може да ги запре летовите низ Европа
Фото: Принтскрин

Европските аеродроми би можеле да се соочат со „системски“ недостиг на авио-гориво доколку во наредните три недели не се нормализира пловидбата низ Ормуската Теснина, предупреди организацијата „ACI Europe“, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Во писмото упатено до европскиот комесар за транспорт Апостолос Цицикостас, организацијата наведува дека залихите на гориво се намалуваат, а воените активности дополнително го отежнуваат снабдувањето. Доколку не се воспостави стабилен проток низ Ормуската Теснина, недостигот би можел да се прошири низ целата Европска Унија.

Загриженоста расте пред летната сезона, период кога воздушниот сообраќај е клучен за туризмот и економиите на многу европски држави. ACI Europe повикува на воспоставување заеднички механизам на ниво на ЕУ за следење на снабдувањето, предупредувајќи на можни сериозни економски последици.

Поради зголемените цени, дел од авиокомпаниите веќе го намалуваат бројот на летови. „Delta Air Lines“ најави намалување на капацитетот за 3,5%, а „Air New Zealand“ и полскиот „LOT“ исто така ги скратуваат линиите и разгледуваат зголемување на цените на билетите.

CATEGORIES
Share This