ПАНАМА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Ограничувања на движењето и апсења без налог
Според Би-Би-Си, властите најавија дека во наредните пет дена ќе бидат суспендирани одредени уставни права, вклучително и слободата на движење, а полицијата ќе има овластување да приведува без судски налог.

Панамската влада прогласи вонредна состојба во покраината Бокас дел Торо, главниот регион за производство на банани, поради ескалацијата на протестите против пензиските реформи, кои прераснаа во грабежи на продавници и вандализам на јавни објекти.
Според Би-Би-Си, властите најавија дека во наредните пет дена ќе бидат суспендирани одредени уставни права, вклучително и слободата на движење, а полицијата ќе има овластување да приведува без судски налог.
Немирите започнаа пред еден месец, кога синдикатот на работници во бананската индустрија се приклучи на националниот протест против најавеното намалување на пензиите и започна генерален штрајк.
„Соочени со нарушување на јавниот ред и акти на систематско насилство, државата ќе го искористи својот уставен мандат за да обезбеди мир и стабилност“, изјави владин претставник Хуан Карлос Орилак.


