ПАМЕЛА АНДЕРСОН РАЗМИСЛУВА ДА ГО ВРАТИ ФИНСКОТО ПРЕЗИМЕ Сакам да бидам Памела Хјитијаинен
Актерката открива дека сака да го врати оригиналното финско презиме на своето семејство

Памела Андерсон откри дека сака да се откаже од своето познато презиме и да се врати на своите фински корени, усвојувајќи го своето оригинално семејно презиме – Хитиаинен. Во интервју за Vogue Scandinavia, 58-годишната актерка се наврати на својата длабока врска со дедо ѝ, Финецот Херман Хјитијаинен, кого го опишува како „најблиската личност во мојот живот“.
Токму таа семејна блискост ја натерала да размислува за промена на презимето.
„Понекогаш не сакам да бидам Памела Андерсон. Сакам да бидам Памела Хјитијаинен“, изјави актерката. „Би сакала да го сменам презимето, но не ми дозволуваат“.
Како што пишува Vogue Scandinavia, семејството Андерсон првично го носело презимето Хјитијаинен, но го промениле во Андерсон по преселбата во Канада за да звучи „посеверноамерикански“.
Андерсон и порано говорела за своето потекло: во интервју за Esquire во 2015 година го опиша дедо ѝ како „фински исцелител“, а во објава од 2019 година на X наведува дека нејзиниот прадедо бил првиот кој се преселил од Финска во Канада.
Актерката со носталгија зборуваше и за деновите кога од дедо ѝ го учела финскиот јазик, кој го нарекува „маѓичен јазик што никој друг не може да го разбере“. Но со неговата смрт, кога имала само 11 години, и јазикот полека исчезнал од нејзиниот живот.
„Јазикот некако замина со него“, вели таа.
Андерсон последен пат ја посетила Финска во 2007 година заедно со својот татко. Сега сака повторно да се врати – овојпат со своите два сина, 29-годишниот Брендон Томас и 27-годишниот Дилан Џегер, кои ги има со поранешниот сопруг Томи Ли.
„Би сакала повторно да отпатувам таму, да ја почувствувам врската со тоа потекло. Можеби да ги однесам и моите синови за да научат повеќе за себе и за нашата историја“, раскажува таа.
Со насмевка додава дека можеби е време повторно да се размисли и за презимето:
„Можеби ќе го смениме моето презиме и ќе се доближиме до моите корени.“


