ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ СЕ ВЉУБИ ВО МИЛИОНЕР – Сопругот Вoja ја подржува и благословува
Јована плени со интересот за спортот и физичката форма на својот нов партнер

Водителката Јована Јеремиќ ужива во врска со боксерот Милош Стојановиќ Тигар, а нејзиниот поранешен сопруг, Вoja Милошевиќ, вели дека нема сомнежи во нејзиниот избор.
Милош Стојановиќ Тигар, син на Миодраг Стојановиќ Гидра, кој трагично загина во заседа, е запаметен како официјално најсилен Југословен во Гинисовата книга на рекорди. Денес, тој е успешен професионален боксер и бизнисмен, дел од својата заработка вложува во во хотел во Црна Гора, а наскоро ќе отвори и ресторан во Белград.
Во врска со односот на Јована и Милош, Вoja Милошевиќ истакна:
„Јована секогаш знае да избере што е добро за неа. Таа е паметна и разумна, а од мене секогаш ќе има поддршка. Се надевам дека ќе ги оствари сите свои соништа и ќе биде среќна.“
Според информациите, Јована и Милош се запознале на една прослава, а водителката била импресионирана од неговата посветеност кон спортот и физичката форма. Милош долго живеел во Америка, каде тренирал тенис, а со 28 години ја започнал својата кариера во боксот.


