ОТВОРАЊЕ НА 53. МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ На сцената „Риголето“ на Верди

Риголето“ ја раскажува моќната приказна за љубовта, одмаздата и трагедијата - вечни теми кои преку музиката на Верди добиваат неповторлива емоционална длабочина и драматичност.

Со спектакуларната изведба на „Риголето“ од Џузепе Верди, вечерва во 20 часот, Националната опера и балет ќе ги отвори 53. Мајски оперски вечери – манифестација која со децении го слави оперското уметничко творештво и привлекува љубители на операта од цела Македонија и пошироко.

ОТВОРАЊЕ НА 53. МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ На сцената „Риголето“ на Верди

Под диригентската палка на реномираниот маестро Џанлука Мартиненги од Италија, а во режија на Пјер Франческо Маестрини, исто така од Италија, публиката ќе има можност да ужива во еден од најмоќните и најемотивни оперски наслови.

Сценографијата е дело на Гилермо Нова од Шпанија, костимите ги потпишува италијанската уметничка Кристина Ачети, а кореографијата е на македонската балетска уметница Саша Евтимова. Концерт-мајстор на вечерта е Климент Тодороски.

Настанот добива посебна тежина со настапот на оперската дива Ана Дурловски, која токму со оваа претстава одбележува 25 години плодна и успешна уметничка кариера на светските сцени. Во главната улога како Риголето ќе настапи баритонот Леон Ким од Јужна Кореја.

На сцената ќе се појават и бројни истакнати уметници: Марио Баг (Јужна Кореја), Игор Дурловски, Николина Јаневска, Владимир Саздовски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Александра Лазаровска Василевски, Диме Петров, Марика Поповиќ, Десанка Глигоријевиќ и уште еднаш Диме Петров, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

„Риголето“ ја раскажува моќната приказна за љубовта, одмаздата и трагедијата – вечни теми кои преку музиката на Верди добиваат неповторлива емоционална длабочина и драматичност. Ова ремек-дело е совршен почеток на годинешното издание на Мајските оперски вечери, кои повторно ќе ја постават Македонија на европската оперска мапа.

Публиката ја очекува незаборавна оперска вечер исполнета со силни емоции и виртуозна музика.

CATEGORIES
Share This