ОТКРИЕНИ НЕЛЕГАЛНИ АКТИВНОСТИ ВО ДЕБАРСКИТЕ ШУМИ Запленети дрва и работна механизација

Во координирана акција на полицијата, шумската полиција и инспекциските служби, вчера беа спроведени засилени контроли во шумскиот појас над неколку села во Дебарскиот регион, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија.
Акцијата ја реализираа полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад, со цел откривање и спречување на нелегални активности поврзани со сеча и транспорт на дрвна маса.
Во тек се активности за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена кривична пријава за делото „пустошење на шуми“.
CATEGORIES Македонија


