ОТЕЖНАТО ДВИЖЕЊЕ ПОРАДИ МАГЛА АМСМ предупредува на внимателно возење

ОТЕЖНАТО ДВИЖЕЊЕ ПОРАДИ МАГЛА АМСМ предупредува на внимателно возење

Намалена видливост поради густа магла утрово е забележана на делови од јужниот патен правец, особено помеѓу Демир Капија и Гевгелија, како и во близина на граничниот премин Богородица, каде што видливоста опаѓа и до 100 метри.

И покрај тоа, сообраќајот на државните патишта во земјава генерално се одвива без поголеми пречки и по суви коловози. Интензитетот на движење е умерен, а на граничните премини нема посериозни задржувања при влез или излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да се движат со прилагодена брзина и да ја следат поставената сигнализација, нагласувајќи дека посебна претпазливост е потребна на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде е можен пад на одрони. Како критични делници се наведуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат и дека од 15 ноември е во сила законската обврска сите возила да бидат опремени со зимска опрема, независно од временските услови, обврска што ќе трае до 15 март 2026 година.

CATEGORIES
Share This