ОСВЕЖУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА Од понеделник температурите паѓаат за повеќе од 10 степени

ОСВЕЖУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА Од понеделник температурите паѓаат за повеќе од 10 степени

Од понеделник (28 јули), граѓаните на Република Македонија може да очекуваат значително освежување на времето, како резултат на продор на постуден воздушен бран од север. Ова ќе донесе пад на температурите и за повеќе од 10°C во споредба со актуелните високи летни температури.

Температурите ќе се спуштат под 30°C во најголемиот дел од земјата, со исклучок на Повардарието и југоисточните предели, каде ќе се задржат неколку степени над 30°C. Ноќите и утрата ќе бидат значително посвежи, со минимални температури меѓу 9 и 19 степени, особено во низинските региони.

Покрај температурниот пад, следната седмица ќе има услови за локална нестабилност, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во зоните на нестабилност не се исклучува можноста за краткотрајни невремиња, проследени со силен ветер и појава на град.

Граѓаните се советуваат да ја следат метео-прогнозата и да бидат претпазливи, особено во попладневните часови кога се очекуваат најголемите промени.

CATEGORIES
Share This